• петок, 05 декември 2025

Агентот на Клоп негира дека тренерот се согласил да ја преземе Рома

Агентот на Клоп негира дека тренерот се согласил да ја преземе Рома

Рим, 20 мај 2025 (МИА) - Агентот Марк Косицке, кој ги застапува интересите на поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, одговори на информациите за можното назначување на неговиот клиент во Рома.

Претходно ова го објави италијанскиот весник „Ла Стампа“.

-Клоп ќе биде тренер на Рома? Ова не е вистина - изјави Косицк за „Winwin“.

Педесет и седумгодишниот Германец го напушти Ливерпул во летото 2024. Тој беше на чело на премиерлигашот од 2015. Пред ова Клоп работеше во Борусија Дортмунд и Мајнц. 

Од јануари Клоп е раководител на фудбалскиот оддел во корпорацијата Ред Бул. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан