• четврток, 04 јули 2024

Агентот на Влаховиќ го блокираше трансферот на фудбалер во Манчестер јунајтед

Агентот на Влаховиќ го блокираше трансферот на фудбалер во Манчестер јунајтед

Торино, 21 февруари 2023 (МИА) - Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ можеше да се пресели во Манчестер јунајтед во зимскиот преоден рок, тврди АС.

Бараната цена беше во опсег од 100 до 120 милиони евра. Кога преговорите веќе беа при крај и трансферот беше речиси завршен, агентот на српскиот напаѓач ја блокираше зделката.

Во актуелната сезона во Серија А, 23-годишниот напаѓач одигра 14 натпревари на кои постигна осум гола и направи две асистенции.

Договорот на Влаховиќ со торинскиот клуб е до 2026 година.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува пазарната вредност на играчот на 80 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан