• сабота, 29 јуни 2024

Агаси од 2025 капитен на Тимот на Светот во Лејвер купот

Агаси од 2025 капитен на Тимот на Светот во Лејвер купот


Њујорк, 23 мај 2024 (МИА) – Поранешниот светски рекет број еден Андре Агаси ќе биде капитен на Тимот на Светот во Лејвер купот од 2025 година.
Агаси на клупата ќе го замени Џон Мекинро, кој го водеше Тимот на Светот од премиерното издание на Лејвер купот во 2017 година во Прага.
„Навистина ми е чест да ја прифатам поканата да бидам капитен на Тимот на Светот во Лејвер Купот. За само седум години од почетокот, Лејвер Купот донесе уживање за навивачите вклучувајќи ме и мене, да ги гледаме најдобрите тенисери, кои се здружуваат во тимови и се натпреваруваат еден против друг во една исклучителна тимска средина“, рече Агаси.
Лејвер купот оваа година ќе се игра од 20 до 22 септември во Берлин. Тимот на Светот ќе го предводи Мекинро, а Тимот на Европа тениската легенда Бјорн Борг.
Агаси ќе седне на местото на Мекинро од 2025 година и турнирот што ќе се одржи во Сан Франциско. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан