• петок, 05 декември 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

Сараево, 1 септември 2025 (МИА) -  Автопревозниците во Босна и Херцеговина денеска започнаа протест со блокади на патишта, царински терминали и гранични премини, предизвикувајќи значителни сообраќајни метежи, особено во главниот град Сараево, соопштија од Конзорциумот за логистика на БиХ.

Главниот координатор на Конзорциумот, Велибор Пеулиќ, изјави дека досега не се регистрирани инциденти, но дека се забележани зголемени гужви на приодите кон градовите, каде што е прекинат синџирот на снабдување, јави Анадолија.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Anadolu BHSC (@agencijaanadolija)

Според податоците на БИХАМК, товарните терминали моментално се блокирани на граничните премини Изачиќ, Велика Кладуша, Каменско и Рача, додека патничкиот сообраќај засега се одвива без поголеми проблеми.

Најкритична е состојбата во Сараево, каде што дошло до целосен сообраќаен колапс по блокадата на левата лента и царинските терминали, вклучувајќи го и терминалот во Рајловац. Иако организаторите нагласија дека протестите нема да го попречуваат патничкиот сообраќај, долгите колони камиони практично го отежнуваат нормалното движење на возилата.

Пеулиќ истакна дека превозниците губат и до 14,5 часа дневно на граничните премини поради, како што тврди, неефикасноста на администрацијата.

Организаторите на протестот повторија четири клучни барања: враќање на довербата и заштита на граѓаните на БиХ кои работат како возачи во Европската Унија, поврат на акцизите, решавање на статутарните проблеми на превозниците преку измени во правилниците и законите, како и зголемување на ефикасноста на граничните служби.

Поради блокадите, на возачите им се препорачува да користат алтернативни правци каде што е можно и да ги следат известувањата од надлежните институции. Превозниците порачаа дека блокадите ќе продолжат сè додека нивните барања не бидат исполнети. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан