• понеделник, 23 декември 2024

Автопортрет на Ван Гог откриен зад друга позната негова слика

Автопортрет на Ван Гог откриен зад друга позната негова слика

Единбург, 15 јули 2022 (МИА) - Скриен автопортрет на Винсент ван Гог е откриен зад една од неговите слики, покриен со слоеви лепило и картон повеќе од еден век. Непознатата слика е откриена кога конзерватори направиле преглед со рендген-зраци на сликата „Главата на селанка“ од 1885 година, пред претстојната изложба.

Ван Гог честопати употребувал веќе искористени платна за своите слики, поради заштедување. Скриената слика се наоѓа на задниот дел од платното, покриена со картон, соопшти Националната галерија на Шкотска. Веројатно околу 1905 година, кога „Глава на селанка“ била позајмена на изложба во музејот „Штеделик“, во Амстердам, е одлучено платното да се залепи на картон пред да се урами, според претпоставките. Во тоа време „Главата на селанка“ најверојатно се сметала за „подовршена“ од автопортретот на Ван Гог. Сликата претрпела и неколку измени додека не била префрлена во Шкотска во 1951 година. Не е ова првпат скриени слики од познати уметници да бидат откриени под други дела. Напредната технологија за сликање и 3-Д печатењето, на пр., помогнаа да се открие слика со гола жена под површината на слика на Пабло Пикасо минатата година.  си/

Остани поврзан