• четврток, 18 јули 2024

Автоматски уред за дезинфекција на возила во Радовиш

Автоматски уред за дезинфекција на возила во Радовиш
Струмица, 3 април 2020 (МИА) - Автоматски уред за дезинфекција на моторни возила постави ЈП „Плаваја“ на главниот влез во Радовиш, кај бензинската пумпа на „Макпетрол“, информира радовишкото комунално претпријатие. Со ова се реализираше една од одлуките на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Од утре, кога во Радовиш е пазарен ден, повторно се отвара градскиот пазар за продажба на земјоделски и прехранбени производи. Од ЈП „Плаваја“ информираат дека ќе извршат дезинфекција и распоред на тезгите во согласност со мерките за физичко дистанцирање, а продавачите се должни да носат сосодветна заштитна опрема.рт/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан