• вторник, 26 ноември 2024

Австрија: Петмина кошаркари уапсени за местење натпревари

Австрија: Петмина кошаркари уапсени за местење натпревари
Виена, 28 јануари 2020 (МИА) - Петмина професионални кошаркари од австрискиот тим УБСЦ Грац се уапсени под сомнение за местење натпревари. Тие се сомничат дека натпреварите ги наместиле за нивниот тим, соопшти Хансерг Бахер, претставник на Државното обвинителство за Грац. Имињата на уапсените не се објавени. Неофицијално, се работи за двајца Американци и, како што пренесуваат медиумите - тројца играчи од поранешна Југославија. Кошаркарите биле уапсени затоа што, според Обвинителството, постои ризик да избегаат и да се обидат да сокријат докази. Првите рочишта веќе се одржаа, но обвинителството не соопштува подробности. Генералниот директор на првиот тим во Грац, Михаел Фукс, рече дека знаел само дека петмина играчи се уапсени и дека не знае повеќе детали. На интернет-страницата на клубот се наведува дека во првиот тим, по потекло од поранешна Југославија, се играчите Драго Брчина од Словенија, Хрватите Марко Цар и Матија Пошчиќ, како и Австриецот Томислав Рашиќ. си/

Остани поврзан