• вторник, 05 ноември 2024

Австрија протера двајца руски дипломати

Австрија протера двајца руски дипломати

Виена, 13 март 2024 (МИА) - Австрија прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата, јавија австриски медиуми.

Портпаролката на министерот за надворешни работи Александар Шаленберг изјави дека двата дипломати „вршеле дејствија што се некомпатибилни со нивниот дипломатски статус“.

Лицата за кои станува збор мора да ја напуштат австриската територија најдоцна до 19 март. Работеле во руската амбасада во Австрија, а не во претставништвото во меѓународните организации во Виена. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан