• среда, 20 ноември 2024

Австралија ќе помогне ако во Европа дојде до недостиг на руско гориво

Австралија ќе помогне ако во Европа дојде до недостиг на руско гориво
Канбера, 26 јануари 2022 (МИА) - Австралија е подготвена да испорачува течен природен гас на европските држави, во случај да дојде до недостиг од руско гориво, соопшти денеска сојузниот министер за природни и водни ресурси Кит Пит. Според Пит, Австралија е „подготвена да помогне при секое барање за испорака на течен природен гас“, кое би дошло од европските држави кога ќе има „недостиг на гас од Русија“. - Австралиските извозници на течен гас се водечки светски компании и сигурни доставувачи, кои се во можност да достават енергија низ целиот свет, изјави Пит во интервју за весникот „Аустралиан“. Министерот истакна дека неговата земја може да одговори на растечката глобална побарувачка, како и да биде сигурен снабдувач на течен природен гас. Оваа изјава на Пит следува по најавата дека САД разговараат со своите сојузници и партнери за можноста за испорака на дополнителни количини гас за Европа, во случај да се влоши ситуацијата во Украина. бд/ссм/

Остани поврзан