• понеделник, 23 декември 2024

Австралија ќе и донира на Украина 49 тенкови „Абрамс“

Австралија ќе и донира на Украина 49 тенкови „Абрамс“

Канбера, 17 октомври 2024 (МИА) – Австралија ќе и подари на Украина 49 стари американски борбени тенкови „М1А1 Абрамс“, соопшти денеска пред состанокот на НАТО во Брисел, австралискиот министер за одбрана Пет Конрој.

-Ние стоиме со Украина во нејзината борба против илегалната инвазија на Русија, рече министерот Конрој.

Опремени со топ од 120 милиметри, овие 60-тонски тенкови беа создадени меѓу 1985 и 1993 година и беа надградени пред да бидат купени од Канбера во средината на 2000-тите.

За австралискиот трансфер на остарениот „Абрамс“ во „трета земја“ беше потребна и дозвола од САД, согласно регулативите за меѓународниот сообраќај со оружје (ИТАР).

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави оваа иницијатива на мрежата Х и изрази „благодарност“ до Австралија.

Украина ја доби првата серија употребени тенкови „М1А1 Абрамс“ во септември 2023 година, испорачани од САД. Делот од австралискиот контингент е наменет и за складирање на резервни делови.

На почетокот на годината Канбера објави дека нема да одговори на барањето на Киев за испорака на стари хеликоптери „MRH90 Тајпан“, тврдејќи дека тие повеќе не се пловидбени.

Најновиот австралиски пакет е вреден 245 милиони австралиски долари. Со ова вкупната австралиска воена помош за Украина од руската инвазија во 2022 година изнесува 1,3 милијарди австралиски долари, а вкупната австралиска поддршка на 1,5 милијарди австралиски долари.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан