• петок, 22 ноември 2024

Австралија од 1 јануари ќе го забрани увозот на електронски цигари за еднократна употреба

Австралија од 1 јануари ќе го забрани увозот на електронски цигари за еднократна употреба

Сиднеј, 28 ноември 2023 (МИА) - Увозот на електронски цигари за еднократна употреба во Австралија ќе биде забранет од 1 јануари поради нивниот „загрижувачки“ успех меѓу младите луѓе, соопшти денеска тамошната влада.

Според официјалните податоци, во Австралија, каде што помалку од 12 отсто од населението дневно пуши, околу 15 отсто од младите на возраст од 14 до 17 години користат електронски цигари.

-Повеќето електронски цигари содржат никотин и децата стануваат зависни, изјави министерот за здравство Марк Батлер.

Забраната за увоз на електронски цигари за еднократна употреба, кои се евтини и лесно достапни, има за цел да го намали тој пазар. Во текот на 2024 година ќе следи забрана за производство и продажба на вакви производи. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан