Австралискиот премиер со реакција за одлуката на Ешли Барти да се пензионира
- Австралискиот премиер Скот Морисон се произнесе околу одлуката на светскиот рекет број еден Ешли Барти да се пензионира на 25 години.
Канбера, 23 март 2022 (МИА) - Австралискиот премиер Скот Морисон се произнесе околу одлуката на светскиот рекет број еден Ешли Барти да се пензионира на 25 години.
- Би сакал да и се заблагодарам на Ешли што беше инспирација за младите луѓе, особено за помладата генерација во државата. Ти благодариме Еш што ја инспириравте нашата земја, нашата нација на која и треба добра поддршка. Никој од нас никогаш нема да заборави на неверојатниот кам-бек на Австралија опен оваа година, изјави Морисон за „Дејли мејл“.
Барти има освоено три Грен слема во сингл: Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон.
Австралијката има 15 победи на различни турнири во сингл. Покрај тоа, освои 12 трофеи во двојки, меѓу кои и на УС Опен 2018. зс/