• петок, 22 ноември 2024

Австралиската фудбалска репрезентација има нов селектор

Австралиската фудбалска репрезентација има нов селектор

Канбера, 23 септември 2024 (МИА) - Австралиската репрезентација го објави назначувањето на Тони Поповиќ за селектор на националниот тим.

Педесет и едногодишниот фудбалски стручњак на оваа позиција го замени Греам Арнолд, кој го водеше тимот од 2018 година.

Селекцијата на Австралија загуби од Бахреин (0:1) во последните два натпревара од квалификацискиот турнир за СП 2026 година и ремизира со Индонезија (0:0).

Во текот на својата тренерска кариера, Поповиќ работеше во Кристал Палас, грчката и турската репрезентација. Тој беше на чело на Мелбурн помеѓу 2021 и 2024 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан