• петок, 20 декември 2024

Аврамовска Мадиќ: Внесувањето на другите народи во Преамбулата на Уставот нема да го загрози идентитетот на македонскиот народ

Аврамовска Мадиќ: Внесувањето на другите народи во Преамбулата на Уставот нема да го загрози идентитетот на македонскиот народ

Скопје, 12 април 2023 (МИА) - Заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ вечерва изјави дека внесувањето на другите народи во Преамбулата на Уставот нема да го загрози идентитетот на македонскиот народ.

- Жалам што опозицијата не прифати да учествува во работната група за уставни измени. Предлагач на уставните измени е Владата. За да дојде текстот во Собранието, некој треба да го подготви, да го даде на Владата и таа да го предложи во Собрание, рече Аврамовска-Мадиќ во вечерашното гостување во тема на денот на телевизија „Сител“.

Во однос на работната група за уставни измени, таа истакна дека се очекува наскоро таа да се комплетира со експерти и да ги утврди начинот и методологојата на работа.

- Собранието доколку се произнесе дека има потреба од отворање на Уставот, односно има 80 пратеници, процедурата за уставните измени ќе продолжи во Комисијата за уставни прашања. Ние ќе и оставиме на работната група да се произјасни за она за што сметаат дека треба да влезе во измените, рече Аврамовска Мадиќ. нд/сп/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан