• петок, 05 декември 2025

Авонији итно опериран поради повреда на абдоменот

Авонији итно опериран поради повреда на абдоменот

 

Нотингем, 13 мај 2025 (МИА) – Напаѓачот на Нотингем Форест, Таиво Авонији, во понеделникот итно бил опериран во пределот на абдоменот откако ден претходно удри со телото во стативата на натпреварот од Премиер лигата против Лестер, објавија денеска британските медиуми.

Авонији, кој влезе од клупата, се врати во игра откако доби медицинска помош, но видно куцаше на теренот во последните десет минути.

Клубот сè уште не издаде официјално соопштение.

Сопственикот на Форест, Евангелос Маринакис, го изрази своето разочарување што Авонији не беше заменет, а тренерот Нуно Еспирито Санто рече дека нигерискиот репрезентативец останал на теренот поради недоразбирање меѓу тренерскиот и медицинскиот тим.

Форест, кој заостанува бод зад петтопласираниот Челзи, в недела во претпоследното премиерлигашко коло му гостува на Вест Хем. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан