• понеделник, 23 декември 2024

АВМУ со осуда за нападот на новинарската екипа на ТВ 24 Вести

АВМУ со осуда за нападот на новинарската екипа на ТВ 24 Вести
Скопје, 15 ноември 2022 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува вчерашниот вербален и физички напад врз новинарската екипа на ТВ 24 Вести. Нападите врз медиумските работници претставуваат особено сериозни повреди на основните човекови права и слободи кои истовремено го загрозуваат правото на информирање на граѓаните и ја ограничуваат јавната дискусија која е во сржта на секоја плуралистичка демократија. Агенцијата како и во повеќе наврати досега апелира да им се овозможи на медиумските работници безбедно и професионално да ги извршуваат своите обврски, пред сè, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес. АГЕНЦИЈА ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИж ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан