• понеделник, 23 декември 2024

АВМУ: Рекламирање на активностите на локалната власт во медиумите е спротивно на законот

АВМУ: Рекламирање на активностите на локалната власт во медиумите е спротивно на законот
Скопје, 12 септември 2022 (МИА) - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека користењето буџетски средства за промовирање активности на локалната власт е во спротивност со член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Реакцијата на АВМУ следува по  информациите дека Град Скопје склучил договор вреден околу 5 милиони денари за промоција на кампањи за посебни активности на Град Скопје преку маркетинг агенција. -И во оваа прилика, како и во повеќе претходни наврати, потенцираме дека средствата на даночните обврзници не смеат да се користат за рекламирање на власта, на кое било ниво, преку приватни радиодифузери. Ваквиот начин на финансирање отвора простор за директно нарушување на независноста и уредувачката самостојност на медиумите, и може да доведе до коруптивни практики, наведува АВМУ. хс/са/

Остани поврзан