• понеделник, 23 декември 2024

АВМУ: Информацијата како јавно добро – тема на Светскиот ден на слобода на печатот

АВМУ: Информацијата како јавно добро – тема на Светскиот ден на слобода на печатот
Скопје, 3 мај 2021 (МИА) - Обезбедување економска одржливост на медиумите, креирање механизми за обезбедување транспарентност на интернет-компаниите и унапредување на капацитетите за медиумска и информативна писменост кои им овозможуваат на граѓаните да го препознаат, вреднуваат и заштитат новинарството како витален дел од информацијата како јавно добро, се клучните три поттеми на овогодинешното одбележување на Светскиот ден на слобода на печатот, информираат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги - АВМУ. Светскиот ден на слобода на печатот, под покровителство на Обединетите нации, денеска се одбележува под мотото „Информацијата како јавно добро“ и има за цел да ја афирмира важноста на ова прашање и да укаже на неопходноста од зајакнување на новинарството. - Актуелната пандемија на КОВИД-19 негативно се одразува врз економското работење на медиумите и медиумскиот плурализам и придонесува за глобална појава на „инфодемија, поради што сега повеќе од било кога е потребно да се одржи и заштити независноста на медиумите и да се промовира известување базирано на факти кое е клучно за  јавното добро на глобално ниво, се вели во соопштението од АВМУ. Од АВМУ, укажуваат дека 3 мај, е потсетник за владите дека мора да се придржуваат кон преземените обврски за заштита на независноста на медиумите од напади, почитување на фундаменталните принципи на слобода на медиумите и на правото на слободата на изразување, содржано во Европската конвенција за човекови права, на чие почитување е обврзана и нашата држава. аа/сп/

Остани поврзан