• сабота, 23 ноември 2024

Авион на „Аерофлот“ поради закана принудно слета на Далечниот Исток

Авион на „Аерофлот“ поради закана принудно слета на Далечниот Исток
Москва, 3 март 2020 (МИА) - Авион ербас А-330 на руската авиокомпанија „Аерофлот“, на пат од Владивосток до Москва, денеска принудно слета во Хабаровск на Далечниот Исток, поради анонимна закана. Воздухопловните власти соопштија дека авионот слетал безбедно, но не открија повеќе детали. Според веб-страницата Flightradar24.com, еден час по полетувањето, авионот испратил сигнал за опасност и свртел над рускиот Далечен Исток. Портпаролот на „Аерофлот“ изјави дека авионот принудно слетал откако добил анонимен повик за безбедносна закана во авионот. Откако ќе завршат проверките, авионот ќе полета кон Москва. јт/

Остани поврзан