• вторник, 07 мај 2024

Авион на Квантас безбедно слета во Перт со дефект на еден од моторите

Авион на Квантас безбедно слета во Перт со дефект на еден од моторите

Перт, 26 март 2024 (МИА) - Пилотите на австралиската авиокомпанија Квантас ервејс слетаа безбедно во Перт и покрај дефектот на еден од двата мотори.

Пилотите на авионот Ербас А330-200, на релација Мелбурн-Перт, побарале дозвола за приоритетно слетување во понеделникот вечерта, што успешно го извршиле со помош на преостанатиот мотор.

Инженерите на Квантас ги истражуваат причините за дефектот, а авиокомпанијата им се заблагодари на патниците за соработката и разбирањето.

Дефектите на моторот се ретки, но авионите со два мотори се дизајнирани да летаат само со еден, за што се обучени пилотите. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан