• понеделник, 23 декември 2024

Авионот на Јута принудно слета по судир со птици

Авионот на Јута принудно слета по судир со птици
Солт Лејк Сити, 31 март 2021 (МИА) - Авионот на Јута, кој леташе за Мемфис ноќеска беше принуден да изврши итно слетување во Солт Лејк Сити, поради проблеми со еден од моторите по судир со јато птици. - Кога авионот полета, удри во јато птици. Левиот мотор се исклучи и пилотот повика на итно слетување на меѓународниот аеродром во Солт Лејк Сити. Авионот слета без инциденти, соопшти авиокомпанијата „Делта“. За време на последователното испитување, авионот покажал видливо оштетување на левата моторна турбина и дамки од крв на долниот дел од пилотската кабина. - Колку прекрасен ден! - напиша центарот на Јута џез, Руди Гоберт. Јута е лидер во поредокот во Западната конференција на НБА-лигата. зс/

Остани поврзан