• среда, 25 декември 2024

Авионите на Американ ерлајнс повторно летаат по приземјувањата поради дефект

Авионите на Американ ерлајнс повторно летаат по приземјувањата поради дефект

Вашингтон, 24 декември 2024 (МИА) - Американската федерална управа за авијација и одобри на компанијата Американ ерлајнс повторно да лета, откако претходно денеска сите нејзини авиони беа приземјени поради неодреден технички проблем.

Компанијата пријави технички проблем што можеше да влијае на целиот аеродромски систем и на милиони патници кои планираат да патуваат за време на божиќните празници.

Се очекува околу 40 милиони патници да ги користат услугите на оваа авио-компанија за време на божиќните и новогодишните празници. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан