• понеделник, 23 декември 2024

Авиокомпанијата Американ ерлајнс престанува да служи алкохол поради проблематични патници

Авиокомпанијата Американ ерлајнс престанува да служи алкохол поради проблематични патници
Вашингтон, 22 август 2021 (МИА) - Авиокомпанијата „Американ ерлајнс“ нема да служи алкохол на летовите најмалку до 2022 година. „Американ ерлајнс“ и „Саутвест ерлајнс“ престанаа да служат алкохол на почетокот на пандемијата на коронавирус и соопштија дека нема да продолжат со продажба на алкохол до септември, кога требаше да се укине задолжителното носење маски, но тој датум сега е продолжен до 18 јануари, јави Еј-Би-Си Њуз. Од „Саутвест“ за Еј -Би -Си изјавија дека се уште не одлучиле дали ќе продолжат со прекин на услугата за алкохол по септември. Јунајтед Ерлајнс престана да продава жесток алкохол, но служи пиво и вино. Соопштението од Американ ерлајнс доаѓа откако американската Федерална управа за авијација (ФАА) информираше дека има зголемување на бројот на непослушни патници. ФАА во четвртокот објави дека издала казни во вредност од еден милион долари во 2021 година. ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан