Авганистанците кои соработувале со Лондон ќе можат трајно да се преселат во Велика Британија
- Авганистанците, кои работеле за британската Влада или армија, ќе можат трајно да се преселат во Велика Британија, објави денеска британското Министерство за внатрешни работи
Лондон, 1 септември 2021 (МИА) - Авганистанците, кои работеле за британската Влада или армија, ќе можат трајно да се преселат во Велика Британија, објави денеска британското Министерство за внатрешни работи.
Одлуката е дел од планот наречен „Операција топло добредојде“, кој предвидува лицата кои ги исполнуваат условите ќе имаат можност да останат во Велика Британија на неодредено време, а не само пет години, како што претходно им беше понудено.
Во исто време, оние кои веќе се во Велика Британија можат да го подобрат својот статус и да бараат постојана работа, јави Би -Би -Си.
Велика Британија од 13 август евакуираше повеќе од 8.000 луѓе ги исполнува условите од планот за преселување на авганистанските државјани така наречен Авганистанска политика за преселување и помош (АРАП). ми/