• петок, 22 ноември 2024

Авантурата „за една ноќ“ нѐ прави несреќни

Авантурата „за една ноќ“ нѐ прави несреќни
Лос Анџелес, 28 јуни 2022 (МИА) - Сите слушнале за поимот „врска за една ноќ“. Оваа тема се среќава насекаде - од Саманта во „Сексот и градот“ до „средновековните“ средби во „Игра на престоли“, па честопати влијае и на тоа како луѓето претпочитаат одредени односи... Сексот за една вечер, не може да ја замени љубовта. Истражување коешто опфатило 4.000 студенти, посочува дека оние кои неодамна претходно имале секс „за една ноќ“, имаат многу пониско ниво на самоувереност и се помалку среќни. Тие исто така пројавиле повисоки нивоа на анксиозност и депресија. Се поставува прашањето: Ако сексот без обврски е добар и главно се гледа и прифаќа како нормална активност, зошто луѓето се чувствуваат лошо потоа? Една од причините биолошки објаснува како кусата авантура влијае на нашиот мозок, пишува „Локал“. Имено, мозокот лачи различни хормони за време на сексот, но и за време на гушкањето. Еден од главните такви „двигатели“ се нарекува окситоцин - „хормонот на љубовта“ и „на среќата“. Се смета дека окситоцинот многу придонесува за меѓучовечките односи, без разлика дали се работи за мајка и новороденче, или љубовна врска меѓу двајца... И жените и мажите лачат окситоцин за време на сексот, а мажите лачат и вазопресин. Тој се смета за „заштитен хормон“ и преку него мажите всушност „ја штитат“ партнерката од другите можни додворувачи. Но, овие хемиски врски, ако не сме внимателни, може да го попречат нашето размислување. Тогаш гледиштата се менуваат и често се случува да се создаде илузија кон личноста со која сме спиеле. И покрај фактот што нѐ возбудува да имаме секс преку ноќ, тоа е само „мамка“ за нашиот мозок. Мозокот „мисли“ дека го нашол тоа што го бара, но штом окситоцинот исчезне, се чувствуваме збунето и тажно. Луѓето, по природа - сите копнеат по љубов и врска, а општеството е тоа што постојано „нѐ притиска“ да бидеме сексуално активни. Но, природата, т.е. биологијата не лаже... Ние всушност, го збунуваме мозокот кога имаме интимни односи со луѓе кои штотуку сме ги запознале. Значи, дајте ѝ време на врската да се развие. Така човекот сигурно ќе биде посреќен кога работите ќе почнат постепено да се случуваат.  си/

Остани поврзан