• понеделник, 23 декември 2024

Абхазија: Не планираме приклучување кон Русија

Абхазија: Не планираме приклучување кон Русија
Сукими, 31 март 2022 (МИА) - Абхазија не планира да ѝ се придружи на Русија, изјавија денеска локални претставници по најавите на блискиот регион Јужна Осетија, што најави дека ќе преземе акција за приклучување. - Русија е наш стратешки партнер, драга и блиска земја, но ние во републиката (Абхазија) немаме намера да се приклучиме на Руската Федерација, истакна Кварчија. Додека секретарот на Советот за безбедност на Абхазија, Сергеј Шамба наведе дека регионот ги поддржува аспирациите на Јужна Осетија, но не ја дели нејзината цел за приклучување кон Русија. Јужна Осетија планира да одржи референдум за приклучување кон Русија по регионалните избори закажани за 10 април. Официјална Москва ги призна Јужна Осетија и Абхазија како независни држави по руската војна со Грузија во 2008 година. ми/

Остани поврзан