• понеделник, 23 декември 2024

Абрамович им обезбеди бесплатен престој на лондонските лекари во хотелот на стадионот на Челзи

Абрамович им обезбеди бесплатен престој на лондонските лекари во хотелот на стадионот на Челзи
Лондон, 18 март 2020 (МИА) - Сопственикот на Челси, Роман Абрамович, им обезбедил на лондонските лекари бесплатно сместување во хотелот „Милениум“ на стадионот „Стемфорд Бриџ“, се вели на официјалната веб-страница на клубот од Лондон. Сите трошоци ги презеде рускиот бизнисмен. Хотелот може да го користат лекари кои треба да работат до доцна заради епидемијата на коронавирус. За да можат да избегнат долги патувања дома низ градот. Забележано е дека хотелот е подготвен да им ги обезбеди на лекарите сите потребни простории. Светската здравствена организација (СЗО) официјално објави пандемија, во карантин се голем број земји, а најголемиот број спортски настани се откажани или одложени. зс/

Остани поврзан