• недела, 22 декември 2024

Абрамович го тужи Советот на ЕУ

Абрамович го тужи Советот на ЕУ
Лондон, 1 јуни 2022 (МИА) - Рускиот милијардер Роман Абрамович поднесе тужба против Советот на Европска Унија бидејќи Абрамович како дел од серијата мерки насочени кон Русија и сојузниците на рускиот претседател Владимир Путин. Абрамович е еден од неколкуте руски олигарси, блиски до Путин, кои ЕУ ги санкционираше во март и им ги замрзна имотите. Абрамович негираше е во добри односи со рускиот претседател. Британската Влада го принуди Абрамович да го продаде фудбалскиот клуб Челзи, што пред два дена беше продаден за 3,2 милијарди долари. Португалските власти потврдија дека продажбата на Челзи не била од корист на Абрамович или неговите соработници бидејќи средствата ќе бидат искористени за хуманитарни активности во Украина. Британската Влада во април ги замрзна имотите на руските бизнисмени Јуџин Тененбаум и Давид Давидович, вредни 10 милијарди фунти. ми/

Остани поврзан