• вторник, 12 ноември 2024

Абе ќе биде одликуван со Висок орден хризантема

Абе ќе биде одликуван со Висок орден хризантема
Токио, 11 јули 2022 (МИА) - Јапонската Влада денеска одлучи да го одликува поранешниот премиер Шинѕо Абе, кој беше убиен во петокот, со Висок орден хризантема, највисоката почест во земјата. Според соопштението на Владата, Абе ќе биде четвртиот поранешен премиер што ќе ја добие наградата според повоениот Устав на Јапонија, по Шигеру Јошида, Еисаку Сато и Јасухиро Накасоне. Абе на 8 јули почина во болница откако беше застрелан за време на предизборен митинг во градот Нара од страна поранешниот припадник на јапонската морнарица, 41-годишниот Тецуја Јамагами. ми/

Остани поврзан