• петок, 22 ноември 2024

Абдел Фатах ал-Сиси потврди дека ќе се кандидира за трет претседателски мандат

Абдел Фатах ал-Сиси потврди дека ќе се кандидира за трет претседателски мандат

Каиро, 2 октомври 2023 (МИА) – Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси денеска потврди дека ќе се кандидира за трет мандат на претседателските избори закажани за декември.

Сиси, поранешен генерал кој е претседател од 2014 година, се очекуваше повторно да се кандидира и се смета дека би можел да освои трет мандат по уставните измени пред четири години кои му овозможуваат да остане на власт до 2030 година.

Неколку илјади приврзаници на Сиси се собраа денеска во Каиро и побараа трет мандат за претседателот кој е на власт откако го собори од власт Мохамед Морси.

Демонстрантите собрани на плоштадите во Каиро носат плакати на кои пишува „Да за стабилност“.

- Сите излеговме да го поддржиме претседателот Сиси и неговите големи проекти, нема ништо подобро за нашата иднина, изјави еден од демонстрантите.

Сиси победи на изборите во 2014 и 2018 година со 96 и 97 отсто од гласовите откако ја скрши опозицијата со репресија.

Со ревизија на Уставот во 2019 година, Сиси може да се кандидира по трет пат, а мандатот е продолжен од четири на шест години. јт/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан