• петок, 22 ноември 2024

Абас: Палестинците не се на продажба

Абас: Палестинците не се на продажба
Рамалах, 28 јануари 2020 (МИА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска изјави дека мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток претставува „завера“, а нему и на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им порача дека Палестинците и нивните права „ не се на продажба“ . -Им кажав на Трамп и на Нетанјаху дека Ерусалим не е на продажба, сите наши права не се на продажба и не се за поткусурување. А вашиот договор, завера, нема да мине, рече Абас во телевизиското обраќање во Рамалах, пренесоа британските медиуми. Абас реагираше откако Трамп го објави планот што предвидува создавање палестинска држава со престолнина во Источен Ерусалим, но од Палестинците се бара да ги прифатат условите кои претходно не беа подготвени да ги разгледуваат, како што е опстанокот на еврејските населби на Западниот брег. сд/

Остани поврзан