Абас ја поздрави одлуката на Франција за признавање на палестинската држава како „победа за каузата“
- Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави најавата на францускиот претседател Емануел Макрон за признавање на „државата Палестина“, нарекувајќи ја одлуката „победа за палестинската кауза“.
Рамала, 25 јули 2025 (МИА) – Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави најавата на францускиот претседател Емануел Макрон за признавање на „државата Палестина“, нарекувајќи ја одлуката „победа за палестинската кауза“.
– Ова го одразува ангажманот на Франција да го поддржи палестинскиот народ и неговите легитимни права на родениот крај, истакна Абас.
Франција ја брани својата одлука, и покрај остри критики од Израел и САД.
Израелската Влада ја критикуваше француската одлука, обвинувајќи ја дека „ги наградува терористите“ и нанесува „црно дамка на француската историја“. - Палестинците не сакаат држава до Израел, туку на местото на Израел, оцени израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
САД, пак, ова признавање го оценија како „неразумна одлука“, која служи на пропагандата на Хамас и ги уназадува преговорите за мир, истакна американскиот државен секретар Марко Рубио.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро нагласи дека ова не е награда за Хамас, туку потврда дека терористичкото движење греши.
– Хамас секогаш го одбивал решението за две држави. Признавањето на Палестина покажува дека исламистичката организација погрешила, рече Баро. ссм/
фото: архива