• сабота, 23 ноември 2024

АА со осуда на вандализмот, говорот на омраза и навредите кон Албанците на протестите

АА со осуда на вандализмот, говорот на омраза и навредите кон Албанците на протестите
Скопје, 6 јули 2022 Алијансата за Албанците ги осудува насилните и вандалските дејствија за време на последните протести, особено говорот на омраза и навредите кон Албанците. Апелираме до одговорните институции да реагираат и да си ја вршат работата онака како што налага законот, да ги запрат и казнуваат овие појави и нивните автори. Апелираме до граѓаните воопшто да покажат претпазливост и да не паѓат на вакви провокации, а политичките актери да бидат внимателни во своите јавни изјави и да не стануваат причина за дејствија кои го загрозуваат имиџот на државата и меѓуетничките односи во земјава. Алијансата за Албанците ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан