• недела, 22 декември 2024

АА: Очекуваме да биде потврдена одлуката на Основниот суд Тетово

АА: Очекуваме да биде потврдена одлуката на Основниот суд Тетово

Скопје, 13 септември 2024

Почитувани претставници на медиумите
Почитувани граѓани

Сакаме да ја информираме јавноста дека последната одлука на Апелациониот суд во врска со судскиот спор за Алијансата за Албанците, го врати предметот на повторно судење во Основниот суд Тетово. Оваа одлука не значи дека партијата е дадена на другата страна, туку за ова мора да одлучи Основниот суд Тетово.
Исто така, сакаме да потсетиме дека одлуката на Апелациониот суд е донесена по влечење и низа продолжувања и по бројни изјави на наши поранешни сопартијци кои ги цитирам, со промената на Владата, одлуката во Апелација исто така ќе се менува. 
Сепак, силно веруваме дека во повторното судење ќе биде потврдена првата одлука и Алијансата за Албанците ќе се врати на апсолутното мнозинство на своите членови, кои застанаа зад Зиадин Села, на основачите и легитимното раководство на субјектот, кои беа потврдени во едиствениот легитимен Конгресот и тоа го докажавме со сите законски и статутарни процедури, потребната документација и потписите на легалните делегати.
Секоја друга изјава, предвремен триумфализам и извртување на вистината, има за цел да предизвика забуна во јавноста и да се дефокусира од вистинските проблеми, од секојдневните скандали на оваа моноетничка власт. Арбен Таравари мора да даде одговорност за врските со Душко Павловски, добиените тендери и градежните дозволи, како и за кворумот што нивните пратеници го обезбедија за Законот за бранители.

 Елми Азири, потпредседател на Алијанса за Албанците 

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: МИА архива

Остани поврзан