• недела, 22 декември 2024

 Mини ремонтот на Блок 2 во РЕК Битола

 Mини ремонтот на Блок 2 во РЕК Битола

Скопје, 16 февруари 2023 (МИА) - Во РЕК Битола започнаа активностите за нега и санација на Блок 2. Како што информираат од компанијата, мини ремонтот на постројката предвидено е да трае околу две недели, период во кој се планирани повеќе интервенции на различни позиции со цел зголемување на стабилноста и доверливоста на блокот.

- Блок 2 до исклучувањето синоќа во 2:00 часот по полноќ, беше во континуиран работен процес над 75 дена. Минатата година Блок 2 произведе 1.382.666 мегават часови електрична енергија што претставува рекорд во последните осум години. Мини ремонтот кој започна треба да обезбеди стабилност на производството на електрична енергија до крајот на грејната сезона, на оваа 39 години стара постројка, велат од РЕК Битола.

Нагласуваат дека во АД ЕСМ согласно планот за производство продолжуваат со работа сите останати капацитети и додаваат дека потребата за електрична енергија на домаќинствата, малите потрошувачи и дополнителните снабдувања се обезбедува исклучиво од домашно производство.вј/са/

Остани поврзан