Општина Зрновци со базар ја заокружи годинешната новогодишна програма
- Со новогодишна забава и базар на плоштадот „Св. Димитриј“, Општина Зрновци ја заокружи годинешната новогодишна програма.
Кочани, 31декември 2025 ( МИА) - Со новогодишна забава и базар на плоштадот „Св. Димитриј“, Општина Зрновци ја заокружи годинешната новогодишна програма.
Во настанот учествуваа учениците и вработените од ОУ „Синиша Стоилов“, децата и воспитувачите од ДГ „Бисерчиња“, како и родители, кои заеднички подготвија рачни изработки за базарот.
Посебна благодарност беше упатена до општествено одговорната компанија „Гео Карта“ за новогодишните пакетчиња за децата, а настанот уште еднаш ја потврди хуманоста, солидарноста и заедништвото што се негуваат во општината. ис/фф/
Фото: МИА