• среда, 11 март 2026

 Мицкоски попладнево на средба со трговците и претставници на маркетите

 Мицкоски попладнево на средба со трговците и претставници на маркетите

Скопје 11 март 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски попладнево ќе има средба со трговците и претставници на маркетите. Како што изјави денеска, средбата е закажана за 16.00 часот.

Мицкоски рече дека има јасни пораки и аргументи кои ќе ги изнесе на денешниот состанок со трговците.

-Имаме најниска цена на горивата во регионот, нема ценовен шок и снабдувањето со нафта и нафтени деривати не е доведено во прашање. Компаниите снабдувачи имаат доволно резерви, инфлацијата е најниска во регионот. Состојбата во државата е апсолутно нормална, за понатаму ќе видиме. Почетокот на годината е ветувачка според сите индикатори и параметри, но ние продолжуваме да работиме во интерес на стандардот на граѓаните. Имам јасни пораки и аргументи за денешниот состанок со трговците, истакна Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарски прашања по состанокот со странските инвеститори во земјава. мч/сст/

Фото МИА 
 
 
 
 
 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан