• вторник, 05 ноември 2024

 ДКСК лани примила за 50 отсто помалку пријави отколку во 2019 година

 ДКСК лани примила за 50 отсто помалку пријави отколку во 2019 година
Скопје, 31 март 2021 (МИА) - Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница го усвои Извештајот за работа на ДКСК за 2020 година, при што беше констатирано дека има постигнато добри резултати. Донесени се нови интерени акти за организација и систематизација на работни места на вработените во Секретаријатот, промени наложени од новите законски надлежности произлезени од Законот за спречување на корупција и судир на интереси од 2019 година. Катица Николовска, член на ДКСК која говореше за Извештајот информира дека е редефинирана и Национална стратегија поради нејзино неусвојување од страна на претходниот парламентарен состав. Наведе дека Националната стратегија во декември е доставена повторно на усвојување до Собранието, но се уште „нема позитивни ефекти во таа насока“. ДКСК во 2020 година во однос на одлучување и постапување по пријави од областа на судирот на интереси и на корупција има добиено помалку пријави за околу 50 отсто во однос на 2019 година, но донела одлуки по речиси двојно повеќе предмети. - Во 2019 година на годишно ниво сме имале по однос на сите доставени пријави и предмети отворени по сопствена иницијатива околу 1.300 предмети, а во 2020 година околу 650 предмети. Меѓутоа од 364 одлуи во 2019 година, во 2020 година сме донеле 606 одлуки, изјави Николовска. Според структурата на донесени одлуки, 178 се од облста на корупцијата, 157 за судир на интереси, 58 се од проверка на податоците на анкетни листи, 53 се поврзани со финансирање изборни кампањи. Таа потсети дека лани за потребите на ДКСК е поставена апликација за селектирање на пријавите по области како што се судство, извршна власт, урбанизам, локална власта, што дало позитивен ефект и потврда, како што истакна, на наодите на мерките и активностите дадени во Националната стратегија во однос на потврдување на нивната ризичност. За Николовска пријавите го потврдуваат она што стои во Националната стратегија и се покажува каде се треба да се насочат реформите во системот со цел намалување и спречување на корупцијата и судир на интереси. - Најголем број пријави сме примиле од областа на  правосудството, поплаки за работата на извршната власт, за локалната самоуправа, за урбанизам и просторно планирање, за образованието, регулаторни тела, итн... Софтверот овозможува дефинирање кои надлежности во институциите за кои најчесто е укажувано дека постои повреда. Се потврди дека во најголем дел тоа се однесува за повреда на работните односи, односно нееднакво постапување при вработување, признавање разни дозволи, концесии, лицени, а се пријавуваат судир на интереси кај избрани и именувани лица, појасни Николовска. Во делот на иницијативите од ДКСК доставени до надлежни органи од 2019 до 2020 година, поднесени се 58 и тоа 27 иницијативи од областа на судир на интереси, а 31 за корупција. За Николовска, интересен е ефектот на постапувањето на надлежните органи по однос на тие иницијативи, бидејќи 31 отсто од поднесените иницијативи се прифатени и по нив е постапено, 26 отсто се отфрлени, за 31 процент надлежните органи се уште не одговориле дали ќе постапат или до каде е постапката, за пет отсто од иницијативите е добиен одговор од Управен суд, а за седум проценти рокот за одговор се уште тече. Карактеристични области нотирани од страна на ДКСК во најголем број се состојбите со вработувањата во здравствените установи и во Акционерските друштва поради злоупотреба или искористување на дискреционите овластувања од страна на избраните лица, избор и разрешувања директори во јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост и повеќекратно именувања на в.д. директори, но има и предмети за докажување на познавање на странски јазици, како и од сферата на урбанизмот и со одобренија за градење и уривање. Николовска информира дека во извештајот на ДКСК даден е и краток осврт и за состојбите со изборите, а се навратиле и на состојбата за евидентирање и следење на имтоната состојба. Постапено е по 80 пријави за ненавремено пријавување или ненавремено поднесени анкетни листови, како и ненавремено доставување на барани документи. Во однос на заштитата на укажувачите, Николовска оцени дека има подобри резултати односно дека во 2019 година се поденесени 19 пријави, но ДКСК не одлучила по ниту една, додека во 2020 година ДКСК има примено шест пријави од укажувачи, но имаат донесено 17 одлуки од кои во 12 наводите не се потврдени. По некои ДКСК немала надлежност на постапување, додека по една пријава предметот е во редовна постапка, а по пет пријави се уште се постапува, По еден предмет има две иницијативи, една за утврдување одговорност за службено лице, а другата е доставена до Јавно обвинителство. Извештајот ќе биде доставен до Собранието, до претседателот на државата и до Владата, а ќе биде објавен и на веб страницата на ДКСК. ДКСК на седницата упати и јавна опомена до Драган Маневски, претседател на Советот на Општина Делчево, за судир на интереси, кој истовремено е и адвокат, со појаснување дека се работи за неспоивост на функции. На седницата беше разрешена Розета Трајан од местото генерален секретар во ДКСК. Против нејзиното разрешување гласаше Горан Трпеновски. Во тек е расправата по конкретени предмети. цр/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан