• петок, 05 декември 2025

 Денови на македонска култура во Будимпешта 2025

 Денови на македонска култура во Будимпешта 2025

Скопје, 18 јули 2025 

На 15.07 (вторник) во просториите на културниот центар Balkan Heritage се одржа концерт на маестро Мишел Трајковски, Баки Хилми, а специјалната гостинка на вечерта беше унгарската дива на балканската музика, Вероника Варга.

На почетокот Златко Панзов, организатор на настанот кажа дека годинава „Деновите на македонска култура во Будимпешта 2025“ се во духот на меѓукултурен дијалог, соработка, заеднички настапи и перформанси на уметници од Македонија и Унгарија. Виртуозите на македонската народна музика Мишел Трајковски и Баки Хилми на унгарската публика и пренесоа дел од единствениот македонски мелос, а Вероника Варга својата својствена интерпретација им донесе несекојдневна уникатност на македонските народни песни.

„Деновите на македонска култура во Будимпешта 2025“ започнаа со самостојната изложба на Богларка Фодор на која го прикажува секојдневното животно пулсирање на Македонија низ очите на надворешен набљудувач-некој што набљудува без предрасуди, но со голема љубов. Изложбата освен во Будимпешта беше претставена во Скопје и Белград.

Винаријата Ерос со својот асортиман на вина им овозможи на присутните да уживаат во автохтоните македонски вина Станушина, Жилавка и останатите уникатни вина на оваа македонска семејна винарија.

„Деновите на македонска култура во Будимпешта 2025“ продолжуваат оваа есен со нови содржини и настани.

„Деновите на македонска култура во Будимпешта 2025“ се организирани од Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, Здружението на Унгарците од Македонија-Теледом и културниот центар Balkan Heritage од Будимпешта.

„Деновите на македонска култура во Будимпешта 2025“ се одржуваат со поддршка на Министерството за култура и туризам на РС Македонија.

 

_____________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Остани поврзан