• петок, 20 декември 2024

 Во Вухан слета првиот меѓународен авион од јануари

 Во Вухан слета првиот меѓународен авион од јануари
Пекинг, 17 септември 2020 (МИА) - Во кинескиот град Вухан, местото каде првпат се појави коронавирусот во декември 2019 година, слета првиот авион на меѓународен лет од јануари, кога аеродромот беше затворен. Станува збор за јужнокорејската нискобуџетна авиокомпанија Т-Веј, чиј авион слета со 60 патници кои мора да покажат негативенПЦР - тест, објави кинеската државна телевизија. Според кинеските медиуми, патниците носеле маски, а полицијата со заштитни комбинезони и визири ги проверувале пасошите. Кон крајот на март, Кина драстично го намали воздушниот сообраќај со остатокот од светот со цел да се ограничи доаѓањето на заразени лица. Оттогаш, земјата во голема мерка го потисна вирусот со мерките за ограничување на движењето, карантин, тестирање, следење контакти и носење заштитни маски. Тие бележат само неколку нови случаи секој ден. Според официјалните податоци, околу 3.900 луѓе починале од Ковид-19 во Вухан или 80 проценти од 4.634 смртни случаи во Кина. Од почетокот на епидемијата, градските власти ги тестирале сите 11 милиони жители. паг/

Остани поврзан