• понеделник, 04 ноември 2024

„Ер Италија“ заминува во историјата

„Ер Италија“ заминува во историјата
Олбија, 11 февруари 2020 (МИА) - Акционерите на италијанскиот авио превозник „Ер Италија“, Алисарда и Катар Ервејз, се согласија да започнат процес за ликвидација на компанијата. Потегот следува по неуспешните договори за продолжување на финансирањето на компанијата, која бележи рекордни загуби. Катар Ервејз, кој е малцински сопственик на „Ер Италија“ со 49 отсто акции, издаде соопштение во кое потврди дека е донесена одлука за прекин на работата, како и дека од своја страна направиле се што е потребно и биле подготвени да продолжат со инвестирање во компанијата, но за нејзин опстанок е потребно сите сопственици да имаат иста желба. Според соопштението на италијанската компанија, прекинот на сите авионски летови е планиран за 25 февруари. До тогаш летовите ќе се вршат според актуелниот распоред. Оние патници кои имаат билети за летови по тој датум, ќе можат да добијат целосен поврат на средствата или да бидат префрлени да летови од други авио компании без надомест. „Ер Италија“ постои од 1963 година, а нејзиното седиште се наоѓа во Олбија на островот Сардинија. гт/

Остани поврзан