• вторник, 02 јули 2024

„АС“: Кике Сетиен ќе биде нов тренер на Барселона

„АС“: Кике Сетиен ќе биде нов тренер на Барселона
Барселона, 13 јануари 2020 (МИА) - Нов главен тренер на Барселона ќе биде Кике Сетиен, пренесува АС. Според весникот, преговорите меѓу каталонското раководство и 61-годишниот стратег се при крај. Сетиен за последно го водеше Бетис. Минатиот јануари, неговото име повторно се поврзуваше со тренерското место на Барселона. Се очекува Барса да го отпушти сегашниот ментор Ернесто Валверде најдоцна утре. Каталонците се лидери во Ла Лига со ист број бодови со Реал Мадрид и продолжуваат да напредуваат во ЛШ. Сепак, тие не успеаја да го освојат шпанскиот Суперкуп, откако во полуфиналето загубија со 2:3 од Атлетико Мадрид.

Остани поврзан