Џонсон се сретна со Зеленски и вети нова воена помош
- Дополнителен пакет воена помош за Украина, вети британскиот премиер Борис Џонсон при денешната посета на Киев.
Киев, 24 август 2022 (МИА) - Дополнителен пакет воена помош за Украина, вети британскиот премиер Борис Џонсон при денешната посета на Киев.
Џонсон се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски на Денот на независноста на Украина.
Како што соопштија од кабинетот на Џонсон, пакетот од 63,5 милиони долари ќе вклучува и 2.000 дронови со што ќе ѝ се овозможи на украинската армија подобро да ги следи и цели руските сили.
„Велика Британија ќе продолжи да биде покрај нашите украински пријатели. Верувам дека Украина може и оти ќе победи во оваа војна“, напиша британскиот премиер на Твитер.
Тој ја пофали Украина поради нејзиниот „нескршлив“ отпор. Според него, сега не е време за унапредување на „слабиот план за преговори“. бд/