• недела, 22 декември 2024

Џонсон: Рускиот народ заслужува да ја знае вистината за Украина

Џонсон: Рускиот народ заслужува да ја знае вистината за Украина
Лондон, 5 април 2022 (МИА) - Британскиот премиер Борис Џонсон денеска упати апел до Русите во кој ги повика „да се информираат од независни извори“ за „злосторствата извршени од нивните војници во Украина“, додавајќи дека тие „не би ја поддржале војна доколку ја знаат вистината“. - Рускиот народ ја заслужува вистината, вие ги заслужувате фактите, изјави Џонсон во видео обраќањето на Твитер, кое делумно беше на руски јазик. - Злосторствата извршени од руските војници во Буча, Ирпин и други места во Украина го згрозија светот. Извештаите се толку шокантни, толку гнасни, не е ни чудо што вашата влада се обидува да ги скрие од вас. Вашиот претседател знае дека кога би можеле да видите што се случува, нема да ја поддржите неговата војна, истакна тој. Џонсон ги повика Русите да користат виртуелни приватни мрежи (ВПН) за да можат да пристапат до независни информации за војната и на тој начин да дојдат до фактите. - И кога ќе дојдете до вистината, споделете ја. Тие што се одговорни и ќе одговараат. А историјата ќе памети кој имал поинаков пристап, нагласи британскиот премиер. Тој на руски додаде: „Вашиот претседател е обвинет дека извршил воени злосторства, но не можам да верувам дека тоа го направил со ваше одобрение“. Американскиот претседател Џозеф Бајден побара на рускиот претседател Владимир Путин да му се суди поради воени злосторства кои се наводно извршени од руски војници во Буча, предградие на Киев. Москва ги нарече ваквите наводи неприфатливи, а руското Министерство за одбрана соопшти дека руските војници не убиле цивили во Буча, каде украинските сили неодамна ја презедоа контролата. гт/ https://www.youtube.com/watch?v=R5egttiMfKo

Остани поврзан