• вторник, 05 ноември 2024

Џонсон Мети останува партнер во професионалниот развој на студентите

Џонсон Мети останува партнер во професионалниот развој на студентите
20.01.2022, Скопје Четириесетина студенти од технички факултети неодамна ја посетија фабриката Џонсон Мети во Македонија. Студентите се запознаа со процесот на производство и со опремата со која располага компанијата во слободната индустриска зона Бунарџик. „Преку посетата се стекнав со ново практично искуство кое ми оди во прилог на моите студии на Машинскиот факултет, посебно од областа на роботиката што е широко применета во производниот погон и има простор за дополнително подобрување. Се запознав и со начините на кои една компанија може да го подобри своето производство со примена на почисти технологии или со третман на отпадните материи пред нивно испуштање во околината, што за мене како студент по енергетика и екологија е од особено значење. Вработените воспоставија коректен однос со нас кој не приближи до материјата од интерес и овозможи внатрешен поглед на производствените процеси и пример за секојдневните практики на компанијата. Од голема едукациска значајност претставува ваквата можност за соработка помеѓу една вистинска компанија и студентите, кои се стремиме еден ден да станеме дел од едно вакво опкружување и работа“, вели Бисера Мишевска, студент од четврта година на Машинскиот факултет во Скопје. За нејзината колешка од прва година, Паола Укајдари, најголем впечаток при посетата на компанијата и оставил фактот што целта на производството во Џонсон Мети е подобрување на животната средина. „Досега не сум имала прилика да влезам во фабрика која користи најмодерна технологија. Моето присуство ги потврди очекувањата кои ги имав и навистина сум воодушевена што постои ваков објект во мојата земја. Секако тоа и ме мотивираше да ги совладам моите студии што побргу за да можам да бидам дел од тимот во Џонсон Мети. Најголем впечаток ми остави целта на производството - подобрување на животната средина. Огромна благодарност до Џонсон Мети“, вели Укајдари. Во обиколката на фабриката, студентите од Машинскиот факултет, од Факултетот за електротехника и информациски технологии и од Факултетот за информациски науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, беа придружувани од менаџмент тимот и од инженери, кои детали ги објаснија стручните аспекти на производството и одговараа на различни прашања на студентите. „Се радуваме на големиот број студенти кои ја посетија фабриката. Како општествено одговорна компанија, остануваме посветени на студентите, партнер во нивниот професионален развој, пред се во стекнувањето практични вештини и знаења“, објаснува Александра Симоновска, партнер за пронаоѓање таленти во Џонсон Мети. *** Британската компанија Џонсон Мети ја користи науката за да создаде почист, поздрав свет. Тие се светски лидер во производство на катализатори за автомобилската индустрија и системи на катализатори за контрола на загадувањето. Џонсон Мети работи во над 30 земји ширум светот и вработува повеќе од 15 000 луѓе. Една третина од сите нови возила ширум светот имаат катализатори од Џонсон Мети. Џонсон Мети ја одбра Северна Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за автокатализатори во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Ова е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицирана и најнапредна фабрика на Џонсон Мети во светот и компанијата е најголем извозник од Северна Македонија. Џонсон Мети минатата година ја затвори со 1.696 милиони евра увоз и 1.850 милиони евра извоз. Џонсон Мети во Северна Македонија вработува повеќе од 1.000 луѓе. Ја инспирираме науката, го подобруваме животот.   ____________________________________________________________________________   MИА - ОТС Комерцијални соопштенија   Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот      

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан