• петок, 22 ноември 2024

Џерард навести дека може да ги напушти Ренџерс

Џерард навести дека може да ги напушти Ренџерс
Глазгов, 1 март 2020 (МИА) - Менаџерот на Глазгов Ренџерс, Стивен Џерард, навести дека може да го напушти клубот, откако шкотскиот гигант вчера испадна од Купот, откако во 1/4-финалето на турнирот загуби со 0-1 од Хартс. Легендата на Ливерпул соопшти дека ова е неговиот најлош момент од преземањето на тимот и дека ќе мора сериозно да размисли во наредните 24-48 часа. - Јас сум многу разочаран. Ова е мојот најлош момент откако дојдов во клубот. Нашиот настап не беше доволно добар. Во четвртокот бев горда личност во Европа затоа што играчите беа исклучителни. Можев да видам сè на што работевме скоро две години. Бев горд. Денес (вчера) не видов ништо од ова, па се чувствувам многу разочаран. Не сум сигурен дека ја сфативме важноста на овој натпревар и можноста да отидеме на „Хемпден“ морам да размислам сериозно во наредните 24-48 часа, рече Џерард.

Остани поврзан