• сабота, 06 јули 2024

Џан: Не можам да дочекам да играм пред навивачите на Борусија

Џан: Не можам да дочекам да играм пред навивачите на Борусија
Дортмунд, 1 февруари 2020 (МИА) - Новото засилување на Борусија Дортмунд, Емре Џан го коментираше неговиот трансфер на „Сигнал идуна парк“ и рече дека очекува тимот да освои трофеј оваа сезона. Борусија Дортмунд ќе треба да плати 25 милиони евра на Јувентус, доколку сака да го задржи фудбалерот откако ќе заврши сезоната во Германија. - Верувам дека Борусија Дортмунд има голем потенцијал и може да освои нешто. Убеден сум дека можам да му помогнам на тимот. Сакам да останам овде. Отсекогаш ми се допаѓал овој клуб и не можам да дочекам за првата можност да играм пред навивачите кои го направија клубот познат низ целиот свет, рече Џан.

Тагови

Остани поврзан