• петок, 05 декември 2025

Ќосевски една година во Вардар

Ќосевски една година во Вардар

Скопје, 7.септември 2025 (МИА) – Победникот на Купот екипата на Вардар има ново име на голманската позиција. Едногодишен договор со „црвено-црните“ потпиша досегашниот голман на Струга Трим Лум, Ведран Ќосевски.

Тој пред неколку дена го напушти тимот од Струга, а со доаѓањето ќе преставува засилување за „црвено-црните“ од причина што тимот сега има поголема конкуренција за оваа позиција.

Ќосевски е поранешен голман на Железничар Сараево и Вележ Мостар од БиХ, а бранеше и во Ештегал од Иран, додека во Македонија го бранеше голот на Струга ТЛ со кој тим ја освои и шампионската титула. мн/

Фото: Инстаграм Вардар.инфо

Остани поврзан