• вторник, 19 ноември 2024

Ќе се обнови Домот на културата во Прдејци 

Ќе се обнови Домот на културата во Прдејци 
Гевгелија, 6 август 2021(МИА) - Реконструкцијата на Домот на културата во населеното место Прдејци, која почна пред неколку години, па беше стопирана поради недостиг на средства, ќе продолжи откако општина Гевгелија за таа намена доби 10,2 милиони денари од Владата на РСМ, потврди градоначалникот Сашо Поцков. - За обнова на руинираниот објект на Домот на културата во Прдејци веќе го изработивме основниот проект со сите неопходни документи според кои објектот ќе располага со повеќенаменска сала, изложбен простор и придружни простории за различни активности, појасни Поцков. Средствата за оваа цел општина Гевгелија ги добила во рамки на последната транша на која аплицирале 33 општини со 35 проекти за чија реализација се издвоени 22,3 милиони евра од средствата што беа предвидени за откажаниот проект на ТАВ. им/цр

Остани поврзан