• понеделник, 23 декември 2024

Ќе се изработи акт за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел

Ќе се изработи акт за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел
Скопје, 20 јануари 2020 (МИА) - Врз основа на податоците од Студијата за валоризација за предлог-подрачјето за заштита „Водно” во категоријата заштитен предел, а земајќи ги предвид геолошките, геоморфолошките и биолошките вредности, како и посебното значење за жителите на Градот Скопје, се наметна заклучокот дека планината Водно ги исполнува критериумите да биде прогласена за заштитено подрачје од V категорија – заштитен предел, соопштија од Град Скопје. Од Град Скопје наведоа дека за таа цел МЖСПП доставило иницијатива и Владата на Република Северна Македонија на 17 ноември 2020 година ја разгледала и усвоила Информацијата, и донела Одлука за прифатливост на предлогот за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел, со која го задолжила МЖСПП да спроведе јавна расправа по предлогот, да го изготви конечниот акт за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата V – Заштитен предел и конечниот предлог да го достави до Владата на усвојување. Од Град Скопје посочија дека за вклучување на засегната јавност има објава на предлог актот за коментирање на веб страницата на МЖСПП и ЕНЕР, ќе се одржи јавна расправа за предлог актот помеѓу 1 и 5 февруари 2021 (со дополнителна најава и покана во јавните гласила и на веб-страницата на МЖСПП) и ќе има барања мислења и состаноци со владини институции, единици на локална самоуправа и бизнис заедница. см/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан